Долго ќе ја паметам вечерашната новогодишна дружба на Зимзоленд со децата од СОС Детско Село на која ни се придружи и градоначалникот на Аеродром – напиша министерот за локална самоуправа, Златко Перински кој вечерва беше дел од новогодишната бајка на децата од СОС Детското жсело.
Тој додаде:
⛸️🎡🎢Вечерва заеднички создадовме спомени и незаборавни моменти кои сум сигурен дека ќе останат длабоко врежани во срцата на сите нас.
👧🏼🧒🏻Искрените детски насмевки, топли прегратки и нескриена радост која ни ја подарија децата, се дополнителен мотив да продолжиме да работиме во насока на создавање на подобри услови за нив — услови исполнети со сигурност, љубов и надеж за подобро утре.
🙏За мене и Дејан оваа вечер беше многу повеќе од обично дружење. Таа беше потврда дека секој мал гест, секоја поддршка и секој израз на грижа можат да направат огромна разлика во животите на овие деца. Со нашето присуство, љубов и внимание им покажавме дека не се сами, дека за нив се грижат заеднички сили и дека системот е тука да им помогне.
✨Нека оваа вечер биде потсетник дека малите дела создаваат големи промени и дека заедно можеме да изградиме подобро и побезбедно утре за сите деца!