Skip to main content

СЗО: Поголемиот дел од залихите на медицинска опрема се потрошени во Газа, а основните лекови се во недостиг

mohammed-ibrahim-on-unsplash

Светската здравствена организација соопшти дека поголемиот дел од залихите на медицинска опрема се потрошени во Газа, додека 42 отсто од основните лекови, вклучувајќи ги и лековите против болки, се распродадени.

Моментално немаме залихи за приближно 64 проценти од медицинската опрема, 43 проценти од основните лекови и 42 проценти од вакцините“, изјави Ханан Балки, регионален директор на Светската здравствена организација за Источен Медитеран.

Балки додаде дека СЗО има 51 камион со помош што чекаат на границата со Газа и се уште не добиле дозвола за влез во палестинската енклава, каде што Израел минатата недела ја ублажи целосната блокада на помошта воведена во почетокот на март.

Поврзани вести