
Нова трагедија на скопските улици. Две лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи пред малку на крстосницата меѓу булеварите „8 Септември“ и „Никола Карев“ во Скопје, откако мотоцикл излетал од коловозот и удрил во бетонски столб.
Денеска (23.05.2025) во 18.23 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница на бул. “8 Септември” со бул.”Никола Карев” во Скопје мотоцикл со скопски регистарски таблички излетал од коловозот и удрил во бетонски столб. Возачот на мотоциклот и сопатникот починале на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, велат од МВР.
Увидот се уште трае.