Skip to main content

Фетаи ја поздрави одлуката на пратеничката Мимоза Муса да остане дел од пратеничката група на „Вреди“

Заменик-претседателот на Владата Арбен Фетаи вечерва ја поздрави одлуката на пратеничката Мимоза Муса да остане дел од пратеничката група на коалицијата „Вреди“, оценувајќи ја како храбар чин со висок политички интегритет.

Во едно предизвикувачко политичко време, кога многумина избираат молк или компромис, ти остана цврста во своите убедувања, лојална на дадениот завет пред 107.000 наши избирачи и на идеалите за промена. Ти си најдобриот пример за чесно претставување, каде што зборот, ставот и делото одат заедно. Ти си инспирација за младите генерации кои треба да научат дека политиката не само што може, туку и мора да биде чесна. Честитки за твојот интегритет и храброст. На Албанците им се потребни гласови како твојот, напиша Фетаи на Фејсбук.

Пратеничката Мимоза Муса преку објава на Фејсбук попладнево соопшти дека останува дел од владината коалиција и дека го напушта Арбен Таравари.

Поврзани вести