Skip to main content

Државниот јавен обвинител Коцевски оформи предмет за лицата ставени на црната листа на САД

 Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски оформил предмет за обезбедување докази за евентуална кривична одговорност за лицата ставени на црната листа на САД. 

Предметот, како што информира денеска, е доставен на постапување на надлежно обвинителство кое ќе издаде соодветни наредби до институциите за откривање на кривичните дела.

– Со оглед на сериозноста на наводите поради кои наведените лица беа назначени на листата, ги искористив своите овластувања и уште вчера оформив предмет со цел да се обидеме да обезбедиме докази со кои ќе ја провериме евентуалната кривична одговорност на лицата кои се доведуваат во врска со дејства на поткуп и трговија со влијание, истакна Коцевски на брифинг со новинарите.

Тој нагласи дека е одлична соработката на Обвинителството со стратешките партнери од САД и особено со Амбасадата на САД.

Американскиот Стејт департментот во понеделникот ги стави на „црна листа” поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети

Поврзани вести