Skip to main content

Студирај сега за нула денари, а плати откако ќе се вработиш

Brainster Next, првиот практичен колеџ за Дизајн и Софтверско инженерство во Македонија, нуди уникатна можност до 10-ти јуни, единствена на Балканот: студирај сега, плаќај по вработување.

Овој иновативен финансиски модел е наменет да ги подготви амбициозните, креативни и иновативни матуранти за кариера и високоплатени професии и бизнис.

Иновативниот финансиски модел „Студирај сега, плати по вработување“, воведен во 2023 година како единствен на Балканот, им овозможува на студентите да студираат на висококвалитетни студии по европски стандард за нула денари.

Овој модел нема скриени трошоци за книги, испити или дополнителни материјали. Можноста е достапна за сите што ќе бидат примени на тригодишните додипломски студии по Софтверско инженерство и иновации или UX/UI и графички дизајн.

Brainster NEXT има ограничен број на слободни места само за креативни и иновативни студенти кои сакаат да ги совладаат вештините на иднината, вклучувајќи ја вештачката интелигенција, претприемништвото и иновативен начин на размисливање.

Студирањето се темели на работа на реални проекти, а Brainster 100% гарантира вработување по завршувањето на студиите.

Сигурни сме дека сите што ќе ги завршат овие студии ќе можат веднаш да се вработат кај нашите многубројни партнери од ИТ индустријата. Овој пристап не само што ги отстранува финансиските бариери, туку и обезбедува практично искуство и можност за вработување по студирањето преку мрежа од над 200 интернационални и домашни компании и стартапи, со кои студентите ќе работат на реални проекти. Сето ова го подготвува секој дипломец за успешна кариера во најбрзорастечките индустрии, вели Петар Ниновски, основач и CEO на Brainster, Brainster NEXT колеџот и NU академијата за средношколци.

Brainster NEXT колеџот е посветен на развивање таленти со вештини кои ќе бидат најбарани во следните 15 години, вклучувајќи вештачка интелигенција, иновации и претприемништво.

Меѓународно признаената диплома Bachelor of Science овозможува кариерни можности на глобално ниво. За квалитетот на студиите, меѓу другото, говори и фактот што од оваа година Brainster за прв пат ќе понуди програми во Словенија и Хрватска, односно една 100% македонска образовна институција ќе извезува знаење во Европската Унија.

Можност за решавање на приемниот тест имаат сите што сакаат да го направат првиот чекор кон успешна кариера.

Аплицирањето не се базира на рангирање и пресметки за минатиот труд (оценките од средното образование и резултатите од државната матура), туку напротив – на компетенциите, способностите, афинитетите и желбата да се постигне повеќе и да се напредува. Реши го приемниот тест и влези во процесот на селекција!

Но, поради ограничениот број на места, селекцијата ќе биде според критериумите на Brainster, а рокот за решавање на приемниот тест е до 10 јуни.

За повеќе информации, посетете ја официјалната веб-страница на Brainster Next колеџот.