Skip to main content

Ќе се проверува каква јакна носел Кешишев деновите на двете убиства

Судијата Ивица Стефановски, на денешното рочиште, го прифати предлогот на Љупчо Палевски да бидат презентирани фотографии од домот на Велибор Манев од 22.11.2023 година кога било подготвувано грабнувањето на Панче Жежовски. 

За Палевски е спорна јакната што ја носел Влатко Кешишев тој ден. Тој вели дека претходно се тврдело дека јакната е црвена, додека од снимките и фотографиите се гледа дека таа е црна, односно темна. 

Кешишев претходно тврдеше дека на двете убиства носел иста јакна. 

Поради тоа сметам дека исказот на Кешишев е нерелевантен“, рече Палевски пред судот. 

На оваа околност обвинителката Јосифовска објасни:

Тоа е машка јакна без подетални карактеристики. На фотографиите се забележува истата јакна“, објасни обвинителката. 

Поврзани вести