Skip to main content

Ивановски откри детали за договорите со Обединетото Кралство: Инвестиции во железничката инфраструктура во Македонија

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, денес одржи прес-конференција на тема: „Проекти кои произлегуваат од договoрите со Обединетото Кралство”.

Покрај соработката во областа на одбраната и безбедноста, продлабочување на трговските и инвестициските врски, соработката во образованието и здравството, сериозен акцент се става и на инвестициите во инфраструктурата, потенцирајќи ги инвестициите во железничката инфраструктура. Факт е дека Железница е најеколошкото, најбрзото и најбезбедното копнено превозно средство, но од друга страна факт е дека изминативе години, па и декади, нашата железница е целосно магинализирана и дека состојбата во која што се наоѓа е критична и далеку од посакуваната состојба – рече Ивановски.

Тој посочи дека пред една година товарниот сообраќај во Македонија скоро и да беше замрен.

Патничкиот соображај десеткувано намален, целосно укинати меѓународни конекции, а добар дел од градовите во Македонија останаа речиси со никакво железничко поврзување. Оваа состојба ќе ја промениме. Почнувајќи веднаш, рече тој.

Како дел од инфраструктурните инвестиции е опфатена железничката пруга долж коридорот 10, од границата со Србија до границата со Грција. Железничкиот коридор започнува од Австрија, преку Словенија, Хрватска, Србија, Македонија и завршува во Грција – рече тој.

Поврзани вести