
Косовските пратеници денеска не изгласаа формирање на Изборна комисија за тајното гласање за претседател и потпретседатели на косовскиот Парламент.
Пратениците од поранешните опозициски партии не предложија членови за Изборната комисија, а не гласаа ниту за составот на Комисијата, што доведе до прекин на седницата.
Косовското Собрание не е конституирано ниту по 18-тиот обид, по парламентарните избори одржани на 9 февруари.
За формирањето на Изборната комисија гласаа 52 пратеници од потребните 61.
Продолжението на следната седница е закажано в среда. За формирањето на комисијата гласаа 52 пратеници од потребните 61, односно повеќе од половина од вкупно 120 пратеници во косовскиот Парламент.
Следната седница е закажана в среда.