Skip to main content

Поставување на камен-темелникот на Црквата „Лазарево Воскресение“ во село Раштани

Фејсбук профил на Христијан Мицкоски

Со длабока чест и благодарност кон сите што го поддржаа овој свет чин, денеска го поставивме камен-темелникот на Црквата „Лазарево Воскресение“ во село Раштани, Велес. Духовен дом што ќе биде извор на надеж, утеха и благослов за генерациите што доаѓаат, соопшти премиерот Христијан Мицкоски.

фото: Фејсбук профил на Христијан Мицкоски

Овој чин не е само почеток на изградба од камен и малтер, ова е почеток на едно духовно патување, заеднички стремеж кон божјата светлина и вистина.

Мицкоски истакна дека да се гради црква е света работа, тоа значи да се изгради темел во срцето на народот. А денешниот ден покажа дека народот од Раштани и пошироко има силна душа и големо срце.

Благодарност до сите што беа присутни, до оние што со својата поддршка, труд и вера помогнаа ова да стане реалност. Господ да го благослови секој чекор понатаму и ова свето место да расте со љубов, како сведоштво за воскресението, надежта и заедништвото на нашиот народ. Со вера во Бога, со љубов кон луѓето, чекориме напред, потенцира Мицкоски.

Поврзани вести