Skip to main content

Ди Марија ја напушта Бенфика

Facebook Angel Di María
Facebook Angel Di María

Аргентинскиот фудбалер Анхел ди Марија објави дека по завршување на оваа сезона ги напушта редовите на Бенфика, откако клубот не успеа да ја освои титулата во португалското првенство по ремито 1-1 против Брага во саботата, завршувајќи два бода зад шампионот Спортинг Лисабон.

Триесетиседумгодишниот Ди Марија, кој лани се пензионираше од репрезентативниот фудбал по 145 настапи за Аргентина, се врати во Бенфика во 2023 година, настапувајќи во меѓувреме и за Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Јувентус.

Многу боли да се заврши сезоната на ваков начин. Ова беше мојот последен првенствен натпревар во овој дрес и горд сум што имав можност повторно да го носам. Сè уште имаме финале идната недела и ќе одиме таму со сета желба да го добиеме. Заедно, како и секогаш. Ви благодарам за вашата поддршка, навивачи на Бенфика“, напиша Ди Марија на својот Инстаграм профил.

Бенфика ќе игра против Спортинг во финалето на Купот на Португалија на 25 мај, пред да ја почне својот настап на Светското клупско првенство во САД на 16 јуни.

Ди Марија, чиј договор е со важност до 30 јуни, не обелодени дали ќе игра на Светското клупско првенство.