Skip to main content

Скопјанец ограбил казино во Центар, па при апсењето кај него била пронајдена и марихуана

На 17.05.2025 во 18.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ќ.(33) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 17.20 часот во казино на подрачјето на Центар во Скопје одзел предмет и физички ја нападнал вработената.

Кај него се пронајдени марихуана и одземеното.

Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести