
Ноќеска (18.11.2026) во 03:30 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ѓ.К.(47) од Гевгелија.
Според пријавеното, околу 01:00 часот во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата 72-годишна мајка.
Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, а за настанот е известен јавен обвинител.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонски



