Skip to main content

16-годишник со женски профил измамил маж да му испрати секси фотки, па после го уценувал

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола во координација со Основното јавно обвинителство- Битола денеска лишија од слобода  16-годишник од битолско Бистрица, кој во повеќе наврати уценувал 34-годишен маж од Битола, заканувајќи му се дека доколку не му даде пари ќе објави експлицитни фотографии што ги добил од оштетениот откако во комуникацијата преку социјална мрежа се претставувал со лажен женски идентитет. 

Како што информираат од МВР, малолетникот е приведен во полициска станица Битола, а парите се пронајдени кај него.

По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. 

Поврзани вести