
Денеска ( 16 мај), програмата на Скопскиот градски фестивал продолжува со грчкото трио Human Touch, едни од најавтентичните и најдолговечни инструментални состави од Грција, чии настапи претставуваат врвна фузија на џез, world музика и медитерански ритми.
По нив, сцената ќе ја споделат Мартин Ѓаконовски, најзначајниот македонски џез контрабасист со меѓународна кариера, чиј стил комбинира виртуозност, зрелост и длабока музичка чувствителност и Роман Бабик, еден од водечките германски џез пијанисти и композитори, познат по својот моќен звук и инвентивни аранжмани што ја бришат границата меѓу жанровите.