Skip to main content

Денеска е Свети Атанас Летен

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 мај, ден на Св. Атанасиј Велики.

Покрај зимскиот празник Танасовден нашиот народ празнува уште еден празник посветен на овој светец. Во Македонија свети Атанасиј има силен култ. Како еден од столбовите на христијанската црква, нему му се посветени многу цркви.

Свети Атанасиј се роди во Александрија, во 296 година. Уште како мал покажуваше голема љубов за Христа. Беше многу близок со тогашниот епископ на Александрија, светиот Александар. По смртта на свети Александар беше избран за епископ на истата катедра. Многу претрпе од тогашните еретици, аријанците, а Господ му даде долг и плоден живот. Се упокои во 373 година. На денешен ден се празнува пренесувањето на неговите мошти, како и чудата што се случуваа над нив, а неговиот посебен празник е на 18 јануари (според стариот календар).

Мал е бројот на светителите што се толку клеветени и толку злосторнички гонети како Св. Атанасиј. Но неговата голема душа најпосле излезе победоносна од сета таа долготрајна и страшна борба. За совет, утеха и морална потпора често одеше кај Свети Антониј, кого го почитуваше како свој духовен отец. Човекот којшто ја формулираше најголемата вистина мораше и да пострада за таа вистина, додека Господ не го упокои во Своето Царство овој Свој верен раб, во 373 година.

Поврзани вести