Skip to main content

„ДЕВОЈКИТЕ ОД БАЛКОНОТ“ – Таму каде што секојдневието добива необичен пресврт

На прв поглед тоа се само три жени што ги набљудуваат животите на другите од своите балкони. Но зад нивниот поглед се крие нешто повеќе – нешто што ги нарушува границите помеѓу реалното и фантастичното, хуморот и хоророт, обичниот ден и нешто што никој не може да објасни.

„Девојките од балконот“ е храбра и жанровски непредвидлива приказна на режисерката Ноеми Мерлан – позната актерка која овој пат се потпишува зад камерата. Комбинирајќи елементи на црна комедија, фантастика и суптилен хорор, филмот нуди уникатна перспектива на женскиот поглед – и буквално и симболично. Жителките на една станбена зграда стануваат сведоци и учеснички – на низа необјасниви случувања кои ќе ги променат и нив, и заедницата околу нив.

Соухеила Јакуб, Санда Кодреану и самата Ноеми Мерлан, носат силни и незаборавни изведби во улоги кои се во исто време и забавни и длабоко човечки. „Девојките од балконот“е филм што поставува прашања за моќта, набљудувањето и тоа што се случува кога навидум пасивните жени одлучуваат да дејствуваат.

Со времетраење од 104 минути, филмот доаѓа како свеж и поинаков глас од француската современа кинематографија. Категоризиран е во четвртата категорија, и е наменет за публика што сака нешто навистина различно.

„Девојките од балконот“ пристигнува во кината на 15 мај – подгответе се за поглед од друг агол.

ДЕВОЈКИТЕ ОД БАЛКОНОТ:

Едно кобно попладне во основно училиште, шестгодишниот Арманд е обвинет дека бил
арогантен кон својот најдобар пријател Џон. Набргу потоа, мајките на двете момчиња ќе се
степаат, очајнички обидувајќи се да откријат чие дете е навистина виновно. Иако никој не знае
што всушност се случило, овој инцидент започнува низа настани кои бараат откуп од
родителите и училишниот персонал. Како што се развива ситуацијата, фокусот се префрла од
децата на возрасните.

Оригинален наслов: Les femmes au balcon
режија:    Noémie Merlant
улоги:   Souheila Yacoub, Sanda Codreanu, Noémie Merlant
премиера: 15.05.2025
времетраење: 104′
земја: Франција
жанркомедија, фантастика, хорор
категоризација: Четврта категорија

Поврзани вести