Skip to main content

До крајот на месецов ќе се знаат предлозите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

До крајот на овој месец, Христијан Мицкоски, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, ќе излезе со предлози за градоначалници за престојните избори. За ова се разговарало и на вчерашниот состанок на Извршниот комитет.

Редовен состанок на Извршниот комитет. Имаше кадровски прашања. Очекувам до крајот на месецот да излезам со предлози за кандидати за градоначалници, па оттаму оди на Централниот комитет, рече Мицкоски.

Засега, неофицијално, познато е дека неколку од градоначалниците, како од Скопје, така и од внатрешноста, нема да бидат поддржани за нов мандат.

Поврзани вести