
Кога се случи трагедијата токму за ова обвинував, а се остварува сега баш така, дека сто пати ќе ја умрат Фросинче, реагира таткото на Фросина Кулакова, по веста дека Врховниот суд ја укина пресудата на Апелациониот суд Скопје против Васил Јованов со која тој беше осуден на три години и 10 месеци затвор за кривичното дело поседување и трговија со наркотици и предметот го врати на второстепениот суд на повторно постапување и одлучување.
Во моментов се случува цел еден правен инжењењринг – ТЕШКО КРИМИНАЛЕН се разбира и сега и ВРХОВЕН СУД го вклучија во сценариото како да му се намали на минимум на УБИЕЦОТ Васо казната…
Ова е ТЕШКО, НАЈТЕШКО РАСТУРЕН ПРАВОСУДЕН СИСТЕМ И ЗАТОА ПРОТИВ ПЛУС И ПРОТЕСТИРАМЕ И ЌЕ БАРАМЕ ОДГОВОРНОСТ И ОД СИТЕ КОИ СЕ ДЕЛ ОД ОВАА НОВА СУДСКА АФЕРА само да се намали казната за УБИЕЦОТ ВАСО!!!!!!!!!
ЗАРАДИ СЕ И ЗАРАДИ УБИСТВОТО НА ДЕТЕТО АНГЕЛ ФРОСИНЧЕ СЕ ГЛЕДАМЕ ДЕНЕСКА ВО 17 ЧАСОТ ПРЕД “УНИВЕРЗАЛНА” ОД КАДЕ ПОЧНУВА ПРОТЕСТОТ…, порача Тодор Кулаков.