Skip to main content

Врховниот суд ја укинал пресудата за дрога за Васил Јованов уште пред тој да признае вина за прегазувањето на Фросина

Принтскрин од видео

Врховниот суд на 7-ми мај ја укинал пресудата со која Васил Јованов беше осуден на 3 години и 10 месеци затвор за трговија со дрога.

Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Македонија, на седницата одржана на ден 07.05.2025 година, донесе пресуда КВП2-43/25, со која го уважи барањето на осудениот В.Ј. од Скопје, за вонредно преиспитување на правосилната пресуда поднесено преку бранителот Панче Нефтенов, адвокат од Скопје, ја укина пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-1047/24 од 05.02.2025 година и предметот го врати на второстепениот суд на повторно постапување и одлучување“, се вели во соопштението на Врховен суд.

Врховниот суд ја донел одлуката на 7-ми мај, пред Јованов да признае вина за сообраќајната несреќа во која загина Фросина Кулакова и пред денешното носење на пресудата. На Јованов денеска му е изречена казна затвор од 12 години.

Поврзани вести