Skip to main content

Украдени бисти на Крсте Петков Мисирков и Ѓорѓија Пулевски, оштетена онаа на Кочо Рацин

На 12.05. во 09.30 часот во СВР Скопје, од ЈП „Паркови и зеленило“ било пријавено дека во Градски парк, кај бараките на Град Скопје, бил одземен споменикот на Крсте Петков Мисирков, а спомен бистата на Кочо Рацин била оштетена.

Истиот ден во 13.25 часот, од Основно училиште „Ѓорѓија Пулевски“, на подрачјето на општина Аеродром, било пријавено дека од дворот на училиштето била одземена спомен биста на Ѓорѓија Пулевски.

Б.И.(67) и С.Ж.(76), пак, двајцата од Скопје, пријавиле дека од гробни места од Градските гробишта Бутел биле одземени две бронзени бисти.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.

Поврзани вести