Skip to main content

Трескал по полициското возило, па нападнал полицаец оти го запреле за пребрзо и пијано возење

архива

Ноќва во 00.35 часот на улица „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Д.(26) од Велес.

Тој бил запрен од полициски службеници затоа што бил забележан како со голема брзина управувал патничко возило „нисан“ со велешки регистарски ознаки. Притоа, тој одбил да му се изврши алкотестирање и почнал агресивно да се однесува кон полициските службеници и удирал по службеното полициско возило, а потоа и физички нападнал еден од полициските службеници.
А.Д. бил задржан во полициска станица и од извршените проверки било констатирано дека тој го управувал возилото без возачка дозвола и со 2,07 промили алкохол во крвта, соопштија од МВР.

Од таму додаваат дека известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297 А – „безобѕирно управување со моторно возило“ и член 383 од Кривичниот законик – „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, како и за сторени прекршоци од Законот за безбедност на патниот сообраќај.

Поврзани вести