Skip to main content

Ѓоковиќ се разделува од Мареј по само шест месеци

Инстаграм/djokernole

Новак Ѓоковиќ и неговиот тренер Енди Мареј се разделуваат по шест месеци заедничка работа, објави денеска српскиот тенисер.

Разделбата меѓу Ѓоковиќ и Мареј доаѓа на само три недели пред почетокот на Ролан Гарос.

Ти благодарам, Енди. Работевме многу заедно и се забавувавме и на теренот и надвор од него. Мило ми е што сме пријатели, напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

Мареј, од своја страна, му посака успешна сезона на Ѓоковиќ.

Му се заблагодарувам на Новак за можноста да работиме заедно и на неговиот тим за сè што направија во последните шест месеци. Му посакувам на Новак сè најдобро до крајот на сезоната и во иднина, објави Мареј.

Следната недела, Ѓоковиќ ќе учествува на тенискиот турнир во Женева. 

Поврзани вести