Skip to main content

Tрамп и Зеленски пак ќе се видат откако овој се согласи да ги даде минералите на Америка

мериканскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека наскоро ќе разговара со неговиот украински колега Володимир Зеленски, откако Врховната рада денеска го ратификуваше договорот со САД за природните богатства на земјата.

– Тукушто го склучивме договорот за ретките природни елементи на Украина. Тој беше ратификуван од нивниот законодавен орган и наскоро ќе разговарам со претседателот, малку подоцна, изјави американскиот претседател.

Претходно денеска Парламентот на Украина едногласно го ратификуваше договорот за минералите со САД.

„За“ Договорот гласаа 338 пратеници, а за ратификацијата беа потребни 226 гласови. Ниту еден пратеник не се изјасни „против“ или „воздржан“.

„Украинскиот Парламент го ратификуваше договорот за историско економско партнерство помеѓу Украина и САД“, објави на Икс украинската министерка за економија Јулија Свириденко.

Документот се однесува на екстракцијата на минерали, нафта и гас во Украина, која е под руска инвазија повеќе од три години. Но, тој не содржи безбедносни гаранции, на кои инсистираше Киев. Со Договорот, потпишан на 30 април, се воспоставува заеднички инвестициски фонд меѓу Киев и Вашингтон и им дава на САД посебен пристап до проекти за развој на природните ресурси на Украина.

По потпишувањето на договорот меѓу Киев и Вашингтон, страните не открија детали за тоа како ќе функционира Инвестицискиот фонд за реконструкција, освен дека ќе се управува во рамноправно партнерство, при што двете страни ќе придонесуваат.

Претходно денеска, премиерот на Украина Денис Шмихал изјави дека идната воена помош од САД може да се смета за придонес во фондот, но дека претходната помош не е вклучена

Поврзани вести