
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска изјави дека Европската Унија е мировен проект, но дека мирот без одбрана е „илузија“.
Во интервју за шпанската емисија „Денес за денес“, тој истакна дека е потребно ЕУ да одржува добри односи со САД бидејќи, како што оцени, алтернативата е „хаос“.
Идејата за царини е економска трагедија. Лоша е за нас, но уште полоша е за американската економија. Се обидуваме да избегнеме царинска војна – рече Кошта.
Тој истакна дека на ЕУ ѝ е потребна и посилна економија, и покрај американските повици до Брисел да ја зајакне својата одбрана, објави порталот „Сер“.
Американскиот претседател Доналд Трамп објави реципрочни царини на 2 април, воведувајќи царини од 20 проценти за ЕУ, додека оние за поголемиот дел од остатокот од светот изнесуваат 10 проценти.