Skip to main content
gGJu-kwbRrQ

Агелер прозборе македонски: Дали знаете дека некои американски дипломати учат македонски јазик пред да дојдат во Скопје?

Printscreen

Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, со видео објавено на социјалните мрежи го честита Денот на македонскиот јазик, посочувајќи дека дел од американските дипломати учат македонски пред да пристигнат во Скопје.

„Честит Ден на македонскиот јазик! Дали знаете дека некои американски дипломати учат македонски јазик пред да дојдат во Скопје? По повод овој ден, ги замоливме нашите колеги и волонтерите на Мировниот корпус на САД да кажат неколку македонски поговорки по нивен избор. Еве што избраа“, вели Агелер во видеото.

Во честитката, вработени во амбасадата и волонтери на Мировниот корпус изговараат познати македонски поговорки како: „Кој рано рани, две среќи граби“, „Што ќе посееш, тоа ќе жнееш“, „Два пати помисли, еднаш прозбори“, „Далеку оди и за дома мисли“, „Без мака, нема наука“, „Виното и ракијата немаат нозе, ама по нозе маваат“, „Трпение, спасение“ и други.

Со оваа симпатична гест, амбасадата уште еднаш го потврдува почитувањето на македонската култура и јазик.

Поврзани вести