Skip to main content

Се крчкаат клучни законски решенија за здрава животна средина  

Министерството за животна средина и просторно планирање интензивно работи на усвојување на клучни законски решенија што ќе овозможат долгорочна и системска заштита на животната средина во нашата држава.

Според министерот за животна средина, Изет Меџити, во моментот, во напредна владина процедура се наоѓаат измените и дополнувањата на Законот за животна средина (2 постапки), три нови закони од областа на управување со отпад, како основа за современ и функционален систем за селекција, третман и рециклирање.

А во завршна фаза е Законот за контрола на индустриски емисии, кој за првпат ќе предвиди обврска за поставување сензори за мерење на квалитетот на воздухот во реално време во сите поголеми индустриски капацитети со А-интегрирана дозвола. Овој чекор е клучен за транспарентност, отчетност и надзор над загадувањето – потенцираа Меџити.

Покрај овие, Министерството работи и на Закон за климатска акција, со кој земјата првпат добива стратешка рамка за справување со климатските промени.

– Се работи и на нов Закон за природа, со цел поголема заштита на биодиверзитетот и природните вредности, како и на измени на Законот за води, за поефикасно и одржливо управување со водните ресурси. И како новитет, првпат се креира Закон за просторно планирање, кој ќе овозможи уреден, зелен и отпорен просторен развој. Министерството продолжува да дејствува посветено, транспарентно и со јасна визија – да создаде функционален систем за здрава животна средина и одржлив развој – поенцира Меџити.

Поврзани вести