Skip to main content

13-годишно девојче нападнато и ограбено од други четири девојки во Аеродром

Во СВР Скопје, А.Л.(47) од Скопје пријавил дека на 03.05.2025 околу 21.30 часот на подрачјето на општина Аеродром, неговата 13-годишна ќерка била физички нападната од четири малолетнички кои ги познавала, кои притоа ѝ одзеле пари и лични работи.

За настанот бил известен јавен обвинител за малолетници.

Се преземаат  мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Поврзани вести