Skip to main content

Епископ бара извинување од Трамп: „Претседателот се потсмева со Бог, Католичката црква и папството“

фото: „Truth Social“/ профил Доналд Трамп

Ватикан сè уште не издаде официјален коментар за фотографијата на Доналд Трамп облечен како Папа, која тој ја објави на својот профил на „Truth Social“ во саботата и беше споделена од официјалниот профил на Белата куќа на „X“.

Американски бискуп јавно побара извинување од американскиот претседател Доналд Трамп за објавувањето на слика од себе како следниот папа, генерирана од вештачка интелигенција.

Една недела откако присуствуваше на погребот на папата Франциск, Трамп сподели слика генерирана од вештачка интелигенција од себе облечен во папска облека на социјалните мрежи.

„Ова е длабоко навредливо за католиците, особено во ова свето време кога сè уште жалиме за смртта на папата Франциск“, рече американскиот бискуп Томас Папроки од американската држава Илиноис во објава на социјалните мрежи.

„Со објавувањето на слика од себе преправен како папа, претседателот Трамп се потсмева на Бога, Католичката црква и папството“, рече бискупот.

На неа е прикажан како носи бела мантија што обично ја носи водачот на Католичката црква, како и златен ланец со крст околу вратот и раскошна митра како украс за глава.

Трамп претходно се пошегува дека самиот тој ќе биде „број еден“ за следниот папа.

По смртта на папата Франциск, Католичката црква се подготвува за избор на нов поглавар. Конклавата на подобни кардинали започнува во среда.

Поврзани вести