
Според информацијата, несреќата се случила вчера околу 11 часот и 25 минути на улицата „Партизанска“ во Струга, а лицето било пренесено во болница каде е задржано на лекување.
Автобус со охридски регистерски ознаки удрил во лице со инвалидска количка во Струга, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, незгодата се случила вчера околу 11 часот и 25 минути на улицата „Партизанска“ во Струга, а лицето било пренесено во болница каде е задржано на лекување.
Во Полициската станица Струга е пријавено дека околу 11:25 часот на улицата Партизанска во Струга, автобус марка мерцедес со охридски регистарски ознаки, управуван од С.Л. од Охрид удрил во лице со инвалидска количка – С.Ч. од Струга. Во несреќата С.Ч. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница Св.Еразмо во Охрид каде што е задржан за натамошно лекување“, соопшти МВР.
Известен бил надлежен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Струга.