Откако вечерв беше објавено дека Стејт департментот на САД воведе санкции против поранешниот заменик-претседател на Владата на Македонија, Артан Груби, и судијата на Апелацискиот суд, Енвер Беџети, поради нивна вмешаност во значителна корупција, се огласи Јане Ченто, уставобранителот кој моментално отслужува казна затвор.
🔴 Токму Енвер Беџети одлучуваше по жалбите за случајот 27ми Април….ова зло мора еднаш засекогаш да се искорени од судството, полтиката и секоја пора во општеството.
⚫ Артан и официјално е на црна листа на САД, впрочем САД почнуваат да расчистуваат со криминалците во политиката и судството во Македонија….
🔥 Македонија треба да прослави вечерва, а органите на прогонот треба веднаш да тргнат во офанзива за да се најдат овие криминалци зад решетки.
🤝 САД им даде ветер во грб на институциите во Македонија дека не треба да се плашат од ликови како Артан, Енвер и сите останати криминалци кои на грбот на народот направија милиони, ја продадоа Македонија и ги загрозија македонските национални интереси.
Сите одлуки кои биле на Енвер Беџети ТРЕБА И МОРА да одат на ревизија.
МНОГУ ЧЕСНИ ФАМИЛИИ СЕ УНИШТИЈА ТОКМУ ОД ВАКВИ ЛИКОВИ КОИ НЕ СУДЕА СПОРЕД СЛОВО НА ЗАКОНОТ, ТУКУ КАКО ЌЕ ИМ КАЖАТ АРТАН, АЛИ….
🇲🇰 ПРАВДА МОРА ДА ИМА! ⚖️
Денот доаѓа – напиша Ченто