Skip to main content

Мицкоски најави засилени контроли: Нема да дозволиме трикови за зголемување на цените

Владата нема да дозволи никакви трикови за зголемување на цените во маркетите и ќе ги засили контролите не само кај трговците, туку и кај дистрибутерите и производителите. Притоа, посебно внимание ќе се обрне на влезните фактури, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Како што истакна, одговорајќи на новинарски прашања во рамки на работната посета на Кавадарци, ситуацијата ќе се следи и нема да се дозволи стихијно однесување на пазарот.

Такви трикови нема да дозволиме да се случат, некој може да се обидува да се служи со такви трикови, но тоа нема да се случи. Лично разговарав со министерот и со директоорт на Државниот пазарен инспекторат за засилена контрола не само кај трговците, туку и кај дристрибутерите и производителите, да видиме да не има некои трикови кај влезните фактури, не само во однос на цените на рафтовите- потенцира премиерот.

Според него, добро е што изминатите два месеца мерката со замрзнувањето на маржите дисциплинирано се спроведуваше.

Тоа доведе до намалување на цените и смирување на инфлацијата и сега, за еден месец имаме негативна инфлација или дефлација од -1,3 отсто, додека на годишно ниво најниска во регионот и меѓу најниските во Европа, 2,7 отсто. Ќе ја следиме ситуацијата и нема да дозволиме стихијно однесување на пазарот – порача Мицкоски.

Поврзани вести