
Лицето Кире Павлов од Пробиштип, кое беше пријавено за исчезнато, било пронајдено починато, известија од ЦУК. Според информациите од СВР Штип, Павлов и Благој Стојанов биле заедно на риболов на Злетовска Река, во атарот на село Жиганци, каде што Павлов исчезнал и му се губи трага.
Околу 21:30 часот, од СВР Штип потврдија дека лицето било пронајдено, но за жал, веќе било починато. Првичните информации упатуваат на природна смрт како причина за неговото исчезнување и смрт.