Skip to main content

Да не се крева паника: Се користат и старите и новите банконоти од 50 евра

Freepik

Последниве неколку дена се појави информација дека истекува важноста на банкнотите од 50 евра, издадени пред 2017, наводно со цел дополнително да се зголеми безбедноста на трансакциите за плаќање. Според шпекулациите новите банкноти од серијата „Европа“ имаат напредни безбедносни карактеристики, вклучувајќи холограми и специјални бои, што ги правело значително поотпорни на фалсификување, а целта на оваа мерка наводно би била заштита на граѓаните од измами и модернизација на банкнотите што се во секојдневна употреба.

Упатените тврдат дека станува збор за чиста дезинформација.

Пред неколку дена се појави шпекулацијата дека во Италија и Шпанија нема да важат старите банкноти од 50 евра. Европската Централна банка ги демантира овие наводи. Имено и старите и новите банкноти се во оптек и валидно средство за плаќање, објави ЕЦБ.

Eуроњус повикувајќи се на Централната банка на Шпанија, според информациите оттаму, пишува дека редовна активност на банката е проверка на квалитетот на новчаниците. Согласно тоа, некои банкноти се повлекуваат, се проверуваат, па ако не е соодветен квалитетот, се уништуваат и заменуваат со нови, а доколку квалитетот одговара на зададените критериуми, се враќаат во оптек. Сепак оваа активност не се однесува само на банкноните од 50 евра, туку за сите вредносни банкноти.

Поврзани вести