Skip to main content

Реал Мадрид го идентификува Вилијам Салиба како приоритетна трансфер-цел

jossue-trejo-from-pixabay
jossue-trejo-from-pixabay

Вилијам Салиба е новата трансфер цел на Реал Мадрид. Весникот „Марка“ информира дека францускиот централен дефанзивец на Арсенал е идентификуван како „избраниот“ што ќе ја предводи идната нова одбрана на „белиот балет“ по разочарувачката сезона.

Според информациите, главниот скаут на Мадрид, Јуни Калафат, го следи 23-годишниот дефанзивец „веќе долго време“.

Салиба минатото лето потпиша нов долгорочен договор со Арсенал, но би можел да им се придружи на суперѕвезди како Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и Џуд Белингам.

Реал Мадрид разгледува и други опции во одбраната – меѓу нив се младиот талент на Борнмут, Дин Хаузен, и фудбалерот на Манчестер Сити, Мануел Аканџи.

Поврзани вести