Skip to main content

Еврокомисијата им овозможува на 17 земји да купат над 27 милиони вакцини против грип

Во рамки на напорите за зајакнување на подготвеноста на ЕУ за потенцијална пандемија на грип, Европската комисија и понуди можност на 17 земји членки да купат 27.403.200 дози вакцини против грип.

Ваквата понуда е овозможена со договорот склучен меѓу Управата на ЕУ за подготвеност и одговор на вонредни состојби во здравството и фармацевтската компанија „Секвирус“ за набавка на вакцини „Фоклива“, доколку Светската здравствена организација (СЗО) или Европската Унија официјално прогласат пандемија на грип.

Иако е тешко да се предвиди пандемија на грип, денешниот рамковен договор за заедничка набавка е дел од пошироката работа на Комисијата за зајакнување на подготвеноста и одговорот на ниво на ЕУ за заштита на здравјето на граѓаните, се додава во соопштението на ЕК

Договор е склучен за период од 48 месеци, со можност за негова обнова во два наврати од по 12 месеци.

Поврзани вести