
Патничка се соблече гола и изврши голема нужда на своето седиште додека авионот со кој патуваше слетуваше, пренесе „Ен-Би-Си“.
Тревога беше крената во саботата на аеродромот Мидвеј во Чикаго кога авионот на „Саутвест ерлајнс“ од Филаделфија слета на пистата. При слетувањето, жената наводно ја соблекла целата облека и извршила нужда на седиштето во авионот.
Од авионската компанија испратија соопштение дека се во процес на контактирање со сите патници за да разговараат за инцидентот.
Нашите тимови се обраќаат до лицата присутни на летот за да се извинат за ситуацијата и за евентуалните доцнења на нивниот патнички авион. Ништо не е поважно за „Саутвест“ од безбедноста на нашите клиенти и вработени и го цениме професионализмот на нашиот екипаж, велат оттаму.
Тие не дадоа дополнителни детали за тоа што се случило со патничката и дали полицијата презела понатамошни мерки.
Извор запознаен со ситуацијата изјави дека авионот бил повлечен од употреба поради чистење.