
Галеријата „Метаноја“ денеска ја отвора изложбата „Забранетото јаболко“ на Милош Милосављевиќ во галерија „Метаноја“. Настанот е во вторник 29 април 2029 година од 20:00 часот на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје.
Издвојуваме дел од рецензија на д-р Коста Милков за изложбата. „Воведниот реализам на „забранетото јаболко“ во градината Едем е заокружен со заклучниот реализам на златниот град кој се симнува од небото на земјата. Меѓу тие два реализма преку експресионизмот, постимпресионизмот, кубизмот и општо земено модернизмот Милосављевиќ, низ призмата на фигурации и дисфигурации, ја прераскажува библиската антропогонија. Како и во изворната приказна со сликите „Бакнеж,“ „Последен бакнеж“ и „Мојата сопруга и Пит Мондријан“ авторот ја бира љубовта како клуч за конечното прашање за судбината на човештвото за сета своја визија да ја сублимира во визијата на св. Павле за рајот.
Сликите од овој опус на Милосављевиќ не само што раскажуваат приказна, тие нѐ соочуваат со вистината за нас самите и нѐ воведуваат во драмата на постоењето како свесни човечки суштества кои често своите потенцијали ги ползуваат себично, дури и за омраза. Сеедно, овие потенцијали на човештвото му се дадени пред сѐ за да љуби. Зашто како што Достоевски вели, „Пеколот е место каде што не може да се љуби“. Рајот соодветно со овој заклучок е место во кое не може, а да не се љуби.“