
Вчера околу 18.35 часот во СВР Тетово, Б.Д. од с.Тумчевиште, гостиварско, пријавил дека во водите на река Вардар,
во атарот на с.Чегране, во близина на мостот, забележал човечко тело.
Телото било извадено од водата од страна на Територијалната противпожарна единица Гостивар и по наредба на јавен обвинител е дадено на обдукција, соопшти денеска СВР Тетово.