Skip to main content
hIl7G3fBExQ

Владата и парламентарното мнозинство се стабилни, а по 1 мај ќе се знае дали Таравари останува

Владата и парламентарното мнозинство се стабилни, се огласија вчера премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по седницата на Централниот комитет на партијата и претседателот на Собранието Африм Гаши во интервју за Радио Слободна Европа. 

Под знак прашање е останувањето на министерот за здравство Арбен Таравари во Владата по превирањата во коалицијата Вреди, еден од владините коалициски партнери покрај ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. Владини извори пред неколку дена го повторија ставот дека премиерот Мицкоски ќе оствари средба со Таравари по 1 мај, па така одговорот на прашањето ќе продолжи ли тој да биде министер во Владата, како и неговиот сопартиец од АА Арбен Фетаи, ќе се знае по овие разговори. Таравари и АА не се дел од Вреди откако тие решија на локалните избори да имаат посебни листи, по што беше објавено дека Таравари имал контакти со лидерот на ДУИ Али Ахмети. 

-Владата е стабилна и силна, и ги исполнува очекувањата на граѓаните, и покрај бројните предизвици и општата економска катастрофа која беше наследена. Општ став е дека се вложуваат сите сили Македонија да се стави на брза трка за економски раст и развој, соопшти владејачката ВМРО-ДПМНЕ по седницата на Централниот комитет на партијата.

The Government is stable and strong, it is delivering on the promises given to citizens despite many challenges and the economic disaster it inherited.

– Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека Македонија ја очекуваат успеси и добри резултати кои се последица на реформите преземени во изминатиот период, и дека целта е економска стабилност и просперитет на сите граѓани, се посочува во соопштението.

Мицкоски исто така информирал и дека во идниот период продолжуваат испитувањата и мерењата на јавното мислење за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, кои покажуваат неколукратна предност пред политичките конкуренти, но и дека треба да се исполни одговорноста на преземените ветувања пред граѓаните.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за Сител во петокот искажа разочарување од тоа што дејствијата на Таравари „на терен го потпомагаат функционирањето на ДУИ“ и смета дека ВМРО-ДПМНЕ не треба да соработува со секој што соработува со, како што истакнува, вакво нереформирано ДУИ. Муцунски очекува дека ќе се најде заедничко разбирање на претстојната средба на премиерот Мицкоски со Таравари. Во однос на можноста за двојни избори во октомври, и предвремени парламентарни заедно со локалните, посочува дека не е исклучена ниту една опција, но порачува дека одлуките не треба да се носат врз основа на емоции, туку според рационалните потреби на граѓаните и економијата. Тој исто така кажа дека некој презема дејствија кои им помагаат на дестабилизачките фактори во македонското општество и оти тоа е погрешен начин на работење.

The parliamentary majority is stable regardless of the ongoing turbulence in the Vlen coalition, says Parliament Speaker Afrim Gashi.

Претседателот на Собранието Африм Гаши, кој доаѓа од партијата Алтернатива која е дел од коалицијата Вреди, пак, во интервју за Радио Слободна Европа кажа дека парламентарното мнозинство е стабилно без разлика дали некој ќе излезе или влезе заради превирањата во ВРЕДИ.

-Мислам дека нема потреба од никаква паника, мнозинството е стабилно, мислам дека треба да се продолжи понатаму да се работи без разлика дали некој ќе влезе, ќе излезе. Мислам, нема да има голема промена во бројот на пратениците. Мнозинството е многу стабилно, веќе околу две третини имаме. Од друга страна, локални избори се наближуваат, но мислам дека не треба да не фаќа така секогаш изборна треска и адреналин дека мора да правиме избори за се. Мора да ги сфатиме локалните избори по природата, какви се и тие во суштина. Се разговара за канализација, за водовод, за почисти патишта, осветлување и мислам дека не треба високата политика да ја вметнеме во делот на локалните избори, во изборите кои следуваат, овие редовни. Така да не би ги ставил во иста паралела, ова што е парламентарно мнозинство, мислам дека треба да продолжи до крајот на мандатот, да дадеме политичка стабилност на граѓаните, дека Собранието, Владата, си течат со работа. Локални избори е друга тема, рече Гаши.

На прашањето дали очекувате Таравари и АА да останат во Владата, Гаши вели дека сепак тоа е работа која ќе ја одлучат политичките лидери од Влен, за која има најави за окрупнување во една политичка партија.

-Ако се случи тоа, ќе треба тие да одлучат по тоа како ќе се однесуваат во делот или одлуките на АА, што они ќе одлучат во однос на нивната политичка определба. Но мислам дека во овој дел би се апстрахирал, имам право да го направам. Сепак, мислам дека што и да се случи нема суштински да ги поремети политиките кои ги градиме на централно ниво, а како што кажав и предходно, не треба да ги тангира воопшто локалните избори. Зборуваме за две различни теми во различни нивоа и за едното и за другото мислам дека нема некоја работа за која треба граѓаните да се вознемируваат, рече Гаши. 

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, престојува во официјална посета на САД, каде на покана на Атлантскиот совет ќе учествува на

Изет Меџити, лидер на Демократското движење и вицепремиер по објавувањето на АА дека ќе оди со самостојни листи за советници, го обвини Таравари за средби со ДУИ чија цел, според него, била да се растури Вреди. Во телевизиско интервју Меџити кажа дека од Демократската унија за интеграција првин него го контактирале со цел да ја растурат коалицијата Влен.

-Ќе кажам тука јавно, дека понудата да се вратам во ДУИ, да се расцепка Влен не била прво кај Таравари, туку кај мене. Но видоа дека не поминува тоа. Не директно од ДУИ, туку од посредници. Јас ги читав дека тие имаат мисија. Ми понудија дека Ахмети ќе оди, ќе се пензионира, ќе има ново раководство. Но ги прочитав нив дека тоа е стратегија и мисија како да се подели Влен. И затоа сум убеден. Еве и ова ќе го кажам јавно, полесно јас можам да ги излажам моите поддржувачи, да кажам Артан си избега, има кривична пријава и се реформирало ДУИ и правам напори да ги вратам назад. И не верувам дека тие членови на Таравари кои биле антипод на ДУИ и сега истите кога ДУИ тоне тие да бидат спасувачи на ДУИ, рече тој. 

Не одговори дали на средбата која тој, Африм Гаши и Биљал Касами ја имале со премиерот Христијан Мицкоски му поставиле услов дали сака да останат во Владата тие или Арбен Таравари. Потенцира дека очекува Таравари самиот да си оди од Владата.

-Оваа Влада е принципиелна и е составена врз основа на принципи. И проблемот е тука, ние како Влен расчистивме и покажавме дека нема да толерираме отворен брак- да биде и дел од Влен и да соработува со ДУИ, бидејќи проблемот е во тоа, а не е проблемот дали ќе му дадеме на Таравари четири или шест општини но каде ќе ги носи. Вечерта кога ќе завршат изборите, ние не сме на чисто дали тие општини ќе бидат на Влен или на ДУИ. Тенденција му е да ја врати ДУИ на власт. Веќе тука се косат принципите на Владата. Тоа значи ги отвораме прашањата овие што се гонат за криминал ќе ги спасиме, ќе престанеме со борбата против корупцијата, ќе одиме по тој терк, бидејќи на овој начин индиректно ДУИ е дел од Владата. Веќе Таравари ќе испорачува фактури од ДУИ. Не е проблемот во бројки. И затоа логично произлегува како што нема место во Влен, дури јас очекувам дека тој сам да оди. Штом сака да соработува со ДУИ, можеби ќе има проблем со членството како ќе го објасни тоа. Но многу полегитимно и поискрено е да си оди. Јас очекувам дека тој самиот треба да си оди и да се приклучи таму каде што му е желбата и каде што соработува, рече Меџити.

Играта не е завршена, додаде тој, освен Таравари  и другите знаеме да играме, ќе има прегрупирања.

Високиот број на новозаразени од саботата (241) исто како и некои претходни варијации т.е. отскокнувања од вообичаениот број, се должи на мал кластер во една од конфекциите во Штип, рече мини

Лидерот на опозоцијата Венко Филипче во интервју за Сител викендов кажа дека СДСМ ги следи придвижувањата во владината коалиција и смета дека тоа е манифестација на тоа дека „практично не се решаваат никакви работи“. 

-Еве гледате и од страна на министрите од Влен каков хаос е и во здравството и во екологијата. Зарем гледате дека нешто се работи? Апсолутно ништо не се работи. Очигледно е дека се заинтересирани само за своите партиски интереси, сега во контекст на локалните избори, која општина ќе ја земат, на кој начин може да ја земат и на колку советници може да сметаат, истакна Филипче, кој смета дека актуелната криза само ги покажува слабите темели на кои била изградена владината коалиција.

I and the other party leaders in the European Front have no right to interfere if a party leader has meetings with other political parties. I have been told that Arben Taravari met with Ali A

Зијадин Села, кој на суд ги доби печатите на Алијансата на Албанците, вчера на прес-конференција изјави дека е информиран дека имало најмалку две или три средби на кои директно се сретнале Арбен Таравари и Али Ахмети, но, според него, нема ништо лошо во тоа. Прашан за тоа кој ќе биде ставот на партијата и дали е можно коалицирање во рамки на Европскиот фронт, откако минатата година Алијанса за Албанците се подели на два дела, Села вели дека партијата ќе излезе со став кога тоа прашање ќе биде ставено на маса внатре во Европскиот фронт. 

-Јас повеќе не им верувам на политичките потези на таков човек, затоа што оваа ситуација многу потсетува на тактизирањата што ги правеше пред една година, кога во последен момент напиша еден статус на Фејсбук и си замина. Тажно е за тој политичар кој сè уште му верува, а уште потажно е за тој граѓанин кој сè уште му верува. Кога така постапи со мене, иако двапати го направив градоначалник, па потоа и министер…, рече Села. 

Министерот за здравство, кој го предводеше крилото на АА кое стана дел од коалицијата Вреди пред повеќе од една недела за медиумиоте потврди дека имал комуникацијата со лидерот на ДУИ Али Ахмети, но дека тоа било телефонски разговори. Дел од медиумите на албански јазик уште на почетокот на април објавија дека тоа било во периодот кога во Вреди требало да се донесе одлука како ќе настапуваат на локалните избори. Таравари викендов беше во Турција, но соопштенијата од неговата посета беа праќани од мејлот на Алијанса за Албанците, а не како што е вообичаено од Министерството за здравство. 

Поврзани вести