Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по претежно влажни коловози.
На патниот правец Шипковица – Попова Шапка има појава на магла со видливост до 40 метри, информира Автомотосојузот на Македонија во пладневниот извештај.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
-На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.