
Поранешниот англиски репрезентативец Џејми Варди по 13 сезони минати во дресот на Лестер ќе го напушти клубот на крајот од сезоната по неговото испаѓање во Чемпионшип лига.
Варди, кој дојде во Лестер од петтолигашот Флитвуд Таун за 1 милион фунти во 2012 година, стана најдобриот играч на клубот во модерната ера, постигнувајќи 198 гола во сите натпреварувања.
„Преплашен сум што дојде овој ден, но знаев дека на крајот ќе дојде. Имав 13 неверојатни години во овој клуб со многу успеси, некои беа неуспеси, но повеќето беа успеси“, рече 38-годишниот Варди.
Неговото најголемо достихнување во редовите на Лестер беше сензационалното освојување на премиерлигашката титула во 2016 година, една сезона откако избегна испаѓање од лигата. Варди, притоа, го собори рекордот на Руд ван Нистелрој за најмногу голови во последователни натпревари во Премиер лигата, запишувајќи се во листата на стрелци на 11 последователни дуели.
Варди го напушта Лестер откако го освои и ФА Купот 2020-2021 година. и две второлигашки шампионски титули