
Реал Мадрид е заинтересиран за ангажман на тренерот на Баер, Чаби Алонсо. Доколку Карло Анчелоти неуспешно ја заврши сезоната, би можел да го напушти мадридскиот клуб пред почетокот на Светското клупско првенство.
Според „El Partidazo de COPE“, Реал Мадрид ќе плати осум милиони евра за да го ангажира шпанскиот стручњак ова лето.
По 33 кола, Реал Мадрид е на второто место во поредокот во Ла Лига, со четири бода помалку од лидерот Барселона.
Во сабота мадриѓаните ќе играат против Барселона во финалето на Купот на Шпанија