
Еден средношколец е убиен, а тројца се повредени во нападот со нож кој денеска се случи во училиште во градот Нант, во западна Франција, соопшти полицијата, а пренесе „Ројтерс“.
Портпаролот на полицијата изјави дека нема индикации дека се работи за тероризам.
Ученикот напаѓач, на возраст од 15 години, бил совладан од наставниците пред да пристигне полицијата, додаде портпаролот.