Skip to main content

Прегазен пешак во Тетово

Вчера во 12.00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на кружен тек од улица „Иво Рибар Лола“ со улица „,Страшо Пинџур“ во Тетово, патничко возило „рено еспејс“ со тетовски регистарски таблички, управувано од В.Т.(60) од Тетово, удрило во пешакот Е.С.(75) од Тетово.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово.

Поврзани вести