Skip to main content

На Велигден ограбен „Успение на Пресвета Богородица“

Во атарот на село Обршани, општина Кривогаштани во средата вечер бил ограбен манастирот „Успение на Пресвета Богородица“.

Информацијата ја споделија со јавноста преку видео од безбедностите камери на манастирот.

Настанот се случил ден по Велигденските празници.

-Во текот (23.04.2025 година) на ноќта манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ е ограбен. Секој кој ќе го препознае сторителот да ги извести членовите на манастирскиот одбор, објавија на официјалната фејсбук страна од црквата, а објавена е и фотографија од лицето кое се сомничи дека го извршило грабежот

Поврзани вести