
Во контекст на актуелните политички случувања и предизвиците во коалициските односи, првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити во изјава за медиуми вели ВЛЕН нема никакви дилеми, продолжува како победничка опција во албанскиот кампус.
-Значи, ние се гледаме. Вчера имавме редовна седница, меѓуфункционално. Сме посветени на реализација на програмата, проектите кои се во интерес на граѓаните. Нормално дека дебатираме, дискутираме и за политичката ситуација. А, ВЛЕН, значи, нема никакви дилеми, продолжува во таа насока зашто ги побара и тие сто и седум илјади гласови како победничка опција во албанскиот кампус. Како што ветивме, донесовме промена, ротација, плурализам и демократија, значи, во албанскиот кампус. И ние сме, стоиме цврсто на тој пат. Тука е проблемот со господинот Таравари и мислам дека нашата, ние одлучивме дека ВЛЕН ќе биде едно, значи ќе се топлат сите политички партии во ВЛЕН. Пред сè тоа го бараат гласачите наши. Второ, одлучивме дека и соработка со ДУИ и внатре во ВЛЕН не е можно, и мислам дека и соработка со ДУИ и дел од владата, мислам дека нешто има невообичаено, вели Меџити.
Новинар: Што доколку Таравари остане во владата?
Меџити: Мицкоски ако не го дава, еве… Мислам дека доволно кажа треба да се определи, значи, легитимно, има право да соработува со ДУИ, но во тој момент, значи, треба и тоа да го објави, да не се срами и да, да премине во тој табор.