Skip to main content

Голем индиски хороскоп за лето 2025: Ненормална заработка за Овенот, блескање на сите полиња за Лавот

Freepik

За разлика од западната астрологија, индиската (ведска) астрологија се потпира на положбата на Месечината и древното знаење за кармичките лекции што ги носиме. Затоа нејзините прогнози често одат подлабоко – не само што ќе се случи, туку и зошто, и како тоа да се препознае како можност за раст. Без разлика дали барате љубов, стабилност, внатрешен мир или успех, летните транзити на планетите можат да ви помогнат да донесете подобри одлуки – во вистинско време. А еве што предвидува индискиот хороскоп за најтоплите денови и летото 2025 година:

Меша (Овен) – 13 април – 14 мај

Лето огнено, но продуктивно. Марс ви дава сила, но и импулсивност.

Ова лето бара да научите како да ја трошите својата енергија не на расправии туку на конкретни цели. Љубовта ќе цвета ако покажете трпение. Финансиите ќе бидат во пораст.

Вришабха (Бик) – 15 мај – 14 јуни

Мирно, стабилно и сензуално лето. Венера ви носи удобност, убави моменти со семејството и партнерот.

Можна е нова љубовна приказна доколку сте сингл. Инвестициите во домот и креативните проекти носат резултати.

Митхуна (Близнаци) – 15 јуни – 14 јули

Летна авантура во полн сјај.

Меркур ве поттикнува да истражувате, пишувате, комуницирате. Можни летови или пократки патувања. Одлично време за учење, вмрежување и реализирање на идеи. Пазете се од прекумерната љубопитност.

Карка (Рак) – 15 јули – 14 август

Емоциите посилни од било кога.

Летото ви носи време за длабоки внатрешни промени. Можни се семејни ситуации кои ве принудуваат да се отворите и да простите. Идеално време за одмор покрај вода. Не заборавајте да поставите граници.

Симха (Лав) – 15 август – 15 септември

Блесок, внимание и големи планови.

Сонцето е во вашиот знак – вие сте главната ѕвезда. Ова е вашето време да блеснете во јавноста, на работа или на социјалните мрежи. Љубониот живот ќе е интензивен, но мора да внимавате на вашето его.

Канја (Девица) – 16 септември – 15 октомври

Работа, ред и духовна сила.

Летниот период искористете го за организација, здравје и внатрешно чистење. Можеби не е спектакуларно, но ќе биде корисно. Одлично време за јога, ајурведа и одмори во природа.

Тула (Вага) – 16 октомври – 15 ноември

Љубовта во фокус, но со лекции.

Венера ве поттикнува на романса, но Раху во седмата куќа може да донесе кармички тестови во врските. Клучот: комуникација и рамнотежа. Можна соработка со странство или уметнички успех.

Вришчика (Шкорпија) – 16 ноември – 15 декември

Летото е време за длабоки прашања: кој си ти, што сакаш, каде одиш. Патување кое може да ја промени перспективата.

Љубовните односи се длабоки, но напорни. Пазете се од љубомора и посесивност.

Дханус (Стрелец) – 16 декември – 13 јануари

Ширина, патување и филозофија.

Јупитер ве поканува да истражувате нови учења, култури и места. Летниот период носи можност за развој на свеста. Љубов преку патување или преку интернет. Пазете се од прекумерно трошење.

Макара (Јарец) – 14 јануари – 12 февруари

Дисциплината води до успех.

Сатурн ве учи како да освојувате сè што сакате со трпение. Летото ви носи можности за кариера, но ќе бара многу работа. Љубовниот живот е стабилен ако не се повлекувате премногу.

Кумбха (Водолија) – 13 февруари – 12 март

Изненадувања, промени и нова визија.

Летото носи ненадејни промени – нова работа, нови познанства, нови идеи. Некои ќе започнат онлајн проекти. Љубовта може да биде необична, но возбудлива. Слободата ти е најважна.

Меена (Риби) – 13 март – 12 април

Интуиција, уметност и духовност.

Летните месеци ви носат можност подлабоко да се поврзете со себе. Идеално време за уметност, пишување или духовни одмори. Љубовта е нежна, но може да бара жртва. Внимавајте да не го идеализирате партнерот.

Поврзани вести