Skip to main content

Шпанија тагува: Прогласена тридневна жалост поради смртта на папата Франциск

ddzphoto-from-pixabay
ddzphoto-from-pixabay

 Шпанија прогласи тридневна жалост поради смртта на папата Франциск.

Министерот за правда и парламентарни односи, Феликс Болањос, кој е одговорен и за односите на владата со црквата, прогласи тридневна жалост и изрази тага и сочувство на извршната власт во институционалната декларација во палатата „Монклоа“ поради смртта на папата.

Жалиме за смртта на еден добар човек и голем папа“, нагласи министерот.

Тој додаде дека папата го посветил својот живот на слабите, на оние кои немаат ништо, на оние на кои сè им треба, а се карактеризира со неговата борба против нееднаквоста, неправдата, неговата борба против климатските промени и грижата за сите оние кои се на маргините.

Според него, Франциск и дал обновувачки и реформски импулс на Католичката црква, што ќе остави наследство за историјата. 

Поврзани вести