
Германската привремена влада го блокира извозот на околу триесетина авиони „Еурофајтер Тајфун“ во Турција.
Како што пишува весникот „Ханделсблат“, како причина за таквата одлука се наведува апсењето на градоначланикот на Истанбул и популарен опозиционер во Турција, Екрем Имамоглу.
Според германските медиуми, главната причина за суспензијата на извозот е апсењето на Имамоглу под обвинение за корупција, што властите во Берлин го гледаат како напад на турската демократија. Поддржувачите на Имамоглу тврдат дека обвиненијата се политички мотивирани